И да ни се разделат патиштата да се разделиме како цивилизирани и семејни луѓе – Лога по хаосот во Алијанса

Од:

Генералниот секретар на Алијанса за Албанците и актуелен министер за правда, Кренар Лога го осуди нападот врз директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Дритон Небиу и инцидентот кога пред куќата на лидерот Арбен Таравари беше пронајден неиспукан куршум од автоматска пушка.

„ Можеме да имаме недоразбирања и несогласувања, но воопшто не треба да се одалечиме еден од друг од нашата заедничка куќа. Додека сите заедно се трудиме да го изнајдеме правиот и вистинскиот пат, повикуваме на самолонтрола и смиреност. Ние сме поминале многу настани заедно, како радосни така и тажни. Заради тоа апелираме и да ни се разделат нашите патишта, ова да го направиме како цивилизирани луѓе и семејни луѓе“, пишува Лога во објавата на Фејсбук.

Лога повика на самоконтрола и смиреност кај членството додека, како што рече, сите во партијата се обидуваат да го изнајдат правиот и вистинскиот пат.

„Го осудуваме секој ваков чин на насилство од кого било. Насилството не е решение. Нека полициските органи го обелоденат случајот и виновниците да се изведат пред лицето на правдата. Сме биле толку многу пати заедно што ни треба за да си го одржиме достоинството пред членовите на нашите семејствата“, додаде Лога.

И двата инциденти следеа по отворениот раздор меѓу актуелниот и поранешниот претседател, Арбен Таравари и Зијадин Села пред настапот на партијата на следните избори.

Таравари е за заеднички изборен настап на Алијанса со опозициските партии на Албанците, а Села се повикува на одлуката на Централното собрание на партијата според која, АА треба има да има самостоен настап на изборите.

Би можело да ве интересира

Таравари избра да оди со ДУИ, нека му е со среќа, изјави Меџити

Рамадани поднесе оставка на функцијата Национален координатор за имплементација на нови технологии

Таравари се приклучи на блокот на криминалот и минатото, вели премиерот Мицкоски

Влен: Се зголемува бројот на луѓе разочарани од скандалозната одлука на Таравари да оди во скутот на Ахмети

Горан Наумовски

Таравари ја напушта Владата и ќе биде опозиција

За Мицкоски е неприфатливо ако Таравари се договара со ДУИ