И Андонов мобилизиран да го брани Диме: Оливер Спасовски да поднесе оставка зошто лаже

Од:

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Оливер Андонов, на прес-конференција на која беа повикани само блиски медиуми на власта, побара оставка од министерот Оливер Спасовски зошто како што кажа, “лажел за настани во МВР и изнесувал невистини“.

– Причината за обраќањето се серијата настани кои се случуваа во изминатите неколку недели и сите поврзани со МВР и во режија на Оливер Спасовски. За разлика од него кој со двосмислени изјави ја замајува јавноста ќе бидам прецизен, како дополнителен заменик министер децидно барам од Спасовски да поднесе неотповиклива оставка од позицијата министер за внатрешни работи.

– Прво, Спасовски манипулира со јавноста, лаже за настани во МВР и изнесува невистини. Ги крши правилата и законите спроведувајќи самовилие. Креира криминално полициски местенки за лична дискредитација на функционери на ВМРО-ДПМНЕ, рече Андонов.

– Јас го нареков Спасовски Заев, зошто е тој бледа копија на партискиот шеф кој исто ја спроведува деструктивната политика на СДСМ во судбоносните и значајни мигови во македонското општество. Тенденцијата за партизација на полицијата Спасовски се обидува да ја спроведе во дело, рече тој.

Оливер Спасовски ја манипулира јавноста лажејќи за настани кои знае дека се искреирани и за кои знае дека учествуваат лица од криминалното подземје. Спасовски го злоупотребуба сајтот на министерството со лажни соопштенија од политички интерес за СДСМ.

И во периодот на предзборието со насилно и деструктивно однесување продолжува со кршење на законите кои се поврзани со изборите а што е во спротивнст со духот на Пржинскиот договор. Протвзаконските делувања се манифестираат со следење на функционери на ВМРО-ДПМНЕ, рече Андонов.

Имав средба со еден искусен новинар и бев запрепастен дека сме следени од лица кои се поставени од Спасовски, истиот новинар тоа го постави на социјалните мрежи. Беше следен и Диме Спасов за кој беше изрежиран намерен инцидент. Од која причина и со која цел, дали во врска со активностите има покрената процедура за истражни постапки или тоа го прави по налог на менторот Зоран Заев, праша Андонов.

Спасовски, доколку ги набројуваме сите законски постапки кои ги предизвикавте лажејќи ја македонската јавност, судовите ќе имаат многу работа.

Потребно е веднаш да си поднесете оставка, бидете сигури дека многу бргу ќе одговарате пред правдата зашто ја приватизиравте институцијата МВР, се закани Оливер Андонов.

Би можело да ве интересира

Кривични пријави за екс министерот Диме Спасов и градоначалникот Марјан Ристески

А1он

Има ли крај: Сопатничката на Диме Спасов по трет пат ја смени изјавата за инцидентот

Ана Ололовска

СДСМ: Диме Спасов не смее да се доближи повеќе на нашите деца!

Ана Ололовска

Продолжува шпанската серија со Диме Спасов

Емир Латифовиќ

СДСМ: Спасов продолжува да се брука, без трошка срам и каење

Ана Ололовска

ВИДЕО: Наместо оставка, Диме Спасов се прикажа како жртва, а ќе работел и за народот

Ана Ололовска