Хуманитарна трка за децата од СОС Детско село

Од:

Хуманитарна роденденска трка долга 5 километри насловена „Трчаме заедно за децата од СОС Детското село“ ќе се одржи во недела, на 29 март, на кејот на Вардар, најавија денеска на прес-конференција организаторите од Евроинс Школата за трчање која одбележуваат една година од основањето.

Собраните средствата од партиципацијата за учество на трката ќе бидат донирани на СОС Детското село Македонија.

– Она што ние го правиме поддржувајќи ја хуманата работа на СОС Детското село сакаме да биде поттик и за другите компании, да покажат општествена одговорност и да пружат љубов и грижа на овие деца на кои им е потребна здрава средина, топол дом, љубов и чуство на сигурност, истакна директорот на Евроинс, Јанко Николов.

Според директорката на СОС Детското село Виолета Георгиевска, преку трката, Школата за трчање уште еднаш ја демонстрира општвествената одговорност. Покрај собирањето средства за поддршка на Детското село се промовира и важноста на спортот во психофизичкиот развој на децата и младите, потенцира Георгиевска.

Хуманитарната трка ќе се трча на патеката долга 5 км, со старт од кејот на Вардар позади зградата на Владата на Република Македонија до хотелот „Александар палас“ и назад. Стартните бројчиња ќе се подигнуваат најдоцна 30 минути пред почетокот на трката. Партиципацијата во трката изнесува 300 денари, а според организаторите се очекуваат учество да земат над 150 учесници.

Би можело да ве интересира

Традицијата на IT 4 Charity продолжува – edition 2021!

Ана Ололовска

Отворање на реконструираното игралиште во СОС Детско село

Ана Ололовска

Охрид реагира: Законот дозволува да се легализираат објекти на државно земјиште

Предраг Петровиќ

Николовски во СОС Детско село: Секое дете заслужува среќно и исполнето детство

Ана Ололовска

Новогодишна кампања на СОС Детско село „Место со срце“

Ана Ололовска

ВИДЕО: Онлајн донации за сите кои сакаат да им подарат насмевка на децата без родители

Ана Ололовска