Меѓународното училиште НОВА денеска организира хуманитарна акција Thinking Humanity Walk во чии рамки учениците ќе прошетаат низ скопските улици.
Хуманитарната прошетка ќе почне напладне пред училиштето НОВА. На случајни минувачи учениците ќе им подаруваат книги, колачиња, цвеќиња и слики, а на повеќе места ќе залепат инспиративни пораки и цртежи.
– Ова ќе биде четврто издание на настанот кој годинава ја доби и наградата за „Вложување во заедницата“ на конкурсот за најдобри општествено одговорни практики во Македонија во организација на Министерството за економија, информира НОВА.