Вработените во ЈП Комунална хигиена- Скопје собраа 208 пакети хуманитарна помош во вид на храна, облека, постелнина и хигиенски средства, а денеска во координација со Црвениот крст на РСМ беа испратени во местата погодени од земјотресот во Република Албанија.
– Премногу сум им благодарен на вработените во ЈП Комунална хигиена- Скопје што ја покажаа својата хуманост на дело, затоа што секој од нас и самиот лесно може да стане жртва на ваква елементарна непогода. Ќе настојувам хуманитарните акции во Претпријатието да станат традиционални, со цел да им помогнеме и на сите наши социјално загрозени сограѓани коишто имаат потреба од овој вид на помош, изјави директорот на ЈП Комунална хигиена- Скопје, Абдусамед Шабани.
Во текот на изминатата недела, ЈП Комунална хигиена- Скопје отвори пункт за собирање хуманитарна помош за настраданите во катастрофалниот земјотрес што ја погоди соседна Албанија.