Хуманитарна помош од Бугарија за мигрантите кај Табановце

Од:

Два камиона со хуманитарна помош изутринава од Софија се упатени за бегалците и мигрантите во транзитниот центар Табановце, крај Куманово, во Република Македонија, објавено е на веб-страницата на Владата на Бугарија.

Донацијата е на иницијатива на бугарскиот премиер Бојко Борисов, а се прави во соработка со бугарскиот Црвен крст и бугарски компании кои доброволно обезбедиле прехранбени продукти и минерална вода.

– Испраќањето на оваа хуманитарна помош е израз на солидарноста на премиерот Борисов и на бугарската држава кон немоќните луѓе, изјави началникот на политичкиот кабинет на премиерот Анжелина Тотева која ја координира донацијата и учествува во нејзиното доставување.

Таа посочи дека Владата внимателно ја следи состојбата во соседната земја и во случај на неопходност Софија ќе продолжи да помага според можностите. Тотева додаде дека донацијата е договорена во телефонски разговор на премиерот Борисов со македонскиот претседател Ѓорге Иванов изминатата недела кога беа договорени и заеднички мерки за зголемување на контролата бугарско-македонската страница и пресекување на нелегални канали за преминување на мигранти.

Ова е трет конвој хуманитарна помош што се организира на иницијатива на Владата на Бугарија. Првиот беше упатен во Унгарија, а вториот во Грција. Во транзитниот центар во Табановце во моментов се блокирани околу 1.500 мажи, жени и деца.

Би можело да ве интересира

Турски државјанин шверцуваше мигранти со возило

Шест мигранти затекнати во автомобил, возачот заврши во полициска станица

Горан Наумовски

Србин фатен со мигранти на автопатот кај Гевгелија

ВИДЕО: Трагедија во Грција: 15 мигранти загинаа во судар на чамец и патролен брод

Левица: ДПМНЕ со увоз на евтина работна сила ја блокира борбата за повисока минимална плата

Предраг Петровиќ

Седум големи магацини во САД ќе се таканаречени центри за подготовка за депортација на 80.000 мигранти

Горан Наумовски