Хуманитарна активност на дебарските гимназијалци

Од:

Учениците од дебарската гимназија, заедно со своите професори денеска организираа хумантарна активност за помош на нивен соученик. Со собраните средства тие за него ќе набават електромоторна инвалидска количка.

Присутните имаа можност да купат храна подготвена од семејствата на учениците, уметнички слики изработени од учениците, како и честитки, дар од првата детска амбасада во светот „Меѓаши“.

– Оваа актвност ја организраме по повод Меѓународниот ден за човекови права. Сметаме дека е добра можност да се солидаризираме со лицата со посебни потреби и се надеваме дека ја постигнавме целта за поголема подршка и нивно интегрирање во општството, изјави Арбана Пашоли, психолог во гимназијата.

Би можело да ве интересира

Штипјанец низ Дебар возел со 1,81 промили алкохол во крвта

Маж од Кичево истепал адвокат во судница

Уапсена e жена во Дебарско, предизвика пожар на сува трева

А1он

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Поради сообраќајка, во прекин е сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Жена од Штип го принудила внукот да питачи во Дебар