Хуманитарна акција во „Карпош“

Од:

Денеска и утре  во општината „Карпош“, се одржува хуманитарна акција, под мотото „Да бидеме хумани за своите соседи“.

Се собираат производи од граѓаните на Карпош за помош на матерјално ризичните семејства.

Со ова  стартува  манифестација „Денови на Општина Карпош“, која ќе трае 15 дена. Во рамките на манифестацијата ќе се одржат  спортски манифестации, турнир во кошарка за средните училишта, културни збиднувања, промоции на книги, театарски и музички претстави, изложбено продажни манифестации на бизнис секторот од Општина Карпош.  како и манифестацијата „Ем умеам, ем можам“, денови на енергетска ефикасност, промоцијата на катастарот на загадувачи  .

Една од централните активности е големата крводарителна акција која ќе се одржи на 25 и 26 октомври, на која Општина Карпош ќе се обиде по трет пат, едноподруго, да го собори државниот рекорд во доброволно дарување крв.

Ќе бидат предадени во употреба и новата-реконструирана детска градинка „Орце Николов“ и платото кај Педагошка академија во Карпош 3, а ќе се одржи и традиционалното цветно дефиле од ученици од основните училишта во Карпош, на кои децата ќе носат транспаренти со пораки за љубов, мир и толеранција, за тоа како се сака и чува својата општина .

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Јакимовски мора да биде минато во Kарпош, потребна е промена за крај на бетонизацијата

Јакимовски: Субвенција за секој граѓанин кој ќе набави возило на електричен погон

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе ја направам општина Карпош најчисто и најуредно место во Скопје