Хуманитарен концерт во МОБ за поддршка на лицата со ХИВ

Од:

Хуманитарен концерт со оперски арии со цел солидарност и поддршка на лицата кои живеат со ХИВ ќе се одржи вечер во Македонската опера и балет, во рамки на кампања по повод 1 декември, Светскиот ден на борба против Сидата.

Концертот го организира Групата за поддршка на лицата кои живеат со ХИВ во Македонија „Заедно посилни“ која работи во состав на Здружението на граѓани ХЕРА во соработка со Македонската опера и балет.

На концертот ќе настапат солисти од МОБ и иструменталисти, а ќе бидат изведени дела од Чајковски, Доницети, Верди, Пучини, Брух итн. во пијано придружба на Јанинка Невчева, Андреја Наунов и Милан Јанкуловски.

Целта на концертот е да се обезбеди јавна поддршка за намалување на дискриминацијата и стигмата кон луѓето кои живеат со ХИВ во Македонија и обезбедување финансиски средства кои ќе бидат наменти за помош на оние кои живеат со овој вирус и се сиромашни.

Заштитно лице на кампањата е поп ѕвездата Каролина Гочева.

Концертот и кампањата се поддржани од претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, како и агенциите на ОН во Македонија.


Би можело да ве интересира

Нови случаи на ХИВ и еден на СИДА во Македонија, сите се мажи на возраст 20 и 39 години

Орце Костов

За еден месец осум нови случаи на Сида – тројца странци со престој во Македонија

А1он

Иницијатива на млади луѓе за промена на името ХИВ за да се отстрани стигмата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Во САД излекувана првата жена со СИДА

Ана Ололовска

Почина вирологот Лик Монтање, нобеловецот кој го откри ХИВ

А1он

Нова многу позаразна варијанта на ХИВ откриена во Холандија

Катерина Ѓуровски