Хуманитарен концерт во МОБ за поддршка на лицата со ХИВ

Од:

Хуманитарен концерт со оперски арии со цел солидарност и поддршка на лицата кои живеат со ХИВ ќе се одржи вечер во Македонската опера и балет, во рамки на кампања по повод 1 декември, Светскиот ден на борба против Сидата.

Концертот го организира Групата за поддршка на лицата кои живеат со ХИВ во Македонија „Заедно посилни“ која работи во состав на Здружението на граѓани ХЕРА во соработка со Македонската опера и балет.

На концертот ќе настапат солисти од МОБ и иструменталисти, а ќе бидат изведени дела од Чајковски, Доницети, Верди, Пучини, Брух итн. во пијано придружба на Јанинка Невчева, Андреја Наунов и Милан Јанкуловски.

Целта на концертот е да се обезбеди јавна поддршка за намалување на дискриминацијата и стигмата кон луѓето кои живеат со ХИВ во Македонија и обезбедување финансиски средства кои ќе бидат наменти за помош на оние кои живеат со овој вирус и се сиромашни.

Заштитно лице на кампањата е поп ѕвездата Каролина Гочева.

Концертот и кампањата се поддржани од претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, како и агенциите на ОН во Македонија.


Би можело да ве интересира

Нови случаи на ХИВ и еден на СИДА во Македонија, сите се мажи на возраст 20 и 39 години

A1on

За еден месец осум нови случаи на Сида – тројца странци со престој во Македонија

А1он

Европската недела на тестирање за ХИВ: Секој ден тестирање во Младинскиот центар на ХЕРА со брзи ХИВ тестови

Ана Ололовска

МЗ: И покрај пандемијата со Ковид-19, со програмата за заштита на населението од ХИВ се постигнати значајни резултати

Ана Ололовска

Епидемијата со Ковид-19 негативно влијае врз раното дијагностицирање на ХИВ

Ана Ололовска

Здружение „Заедно посилни“ по повод Светски ден на борба против Сида: Епидемијата на ХИВ сè уште активен проблем на јавното здравје

Ана Ололовска