Хуманитарната организација „Хилал“, која делува во рамките на Исламската верска заедница во Македонија , го започна својот Хуманитарен караван за доделување пакети со храна за семејствата со социјални проблеми.
Претседателот на оваа организација еф. Мустафа Даути во придружба на дебарскиот муфтија еф Рамазан Хаса во Дебар додели 250 пакети со прехранбени артикли. Тој притоа изјави дека за месецот на постот во 13-те Муфтиштва во Македонија ќе се доделат вкупно 10 илјади пакети во кои има 6 тони храна.
Оваа хуманитарна помош е обезбедена со активности на претседатеклот на ИВЗ еф. Сулајман Реџепи во соработка со бизнис компании како и со посредство на хуманитарната органзиација „Дијанет“ од Турција.
Караванот според еф. Даути ке биде активен во сите Муфтиштва, а доделувањето на помошта се врши со оперативните групи кои ги имаат формирано Муфтиштвата кои делуваат во Македонија.