А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Хрватското претседателство со ЕУ со предлог следната недела да се донесе одлука за старт на преговори со С. Македонија и Албанија

by А1он18/03/2020 - 11:0818/03/2020 - 11:13212
Share0

Хрватското претседателство со ЕУ предлага следната недела да биде донесе одлука за започнување преговори за членство со Северна Македонија и Албанија, а првите меѓувладини пристапни конференции да бидат свикани веднаш по усвојувањето на преговарачката рамка.

Добивај вести на вибер

Ова стои во Предлог заклучоците на Загреб за средбата на Советот за општи работи на ЕУ што ќе се одржи на 24 март, во кои увид имала хрватската новинска агенција ХИНА.

Според ХИНА, се очекува министрите за надворешни работи на земјите од Унијата да ги прифатат овие заклучоци, од како претходно за нив ќе се разговара на ниво на амбасадори на членките на ЕУ.

Текстот на заклучоците мора да биде едногласно поддржан од сите земји членки, поради што се можни измени во предложениот нацрт пред неговото усвојување. Оваа одлука, доколку биде донесена од Советот на министрите, треба да ја поддржи и Европскиот совет, односно шефовите на држави или влади на членките на ЕУ, на Самитот закажан за 26 и 27 март, наведува хрватската агенција.

Според предлог заклучоците, Советот за општи работи треба да ја повика Европската комисија да предложи нацрт рамка за преговори со двете држави што е можно побрзо, а најдоцна до јуни годинава.

Согласно правилата на ЕУ, преговарачката рамка треба да биде поддржана едногласно од сите земји членки на блокот, што е предуслов за свикување на првата меѓувладина пристапна конференција со што официјално започнуваат преговорите за членство.

Официјални претставници на Постојаната мисија на Хрватска во ЕУ во изјава за ХИНА не сакале да ги коментираат предлог заклучоците, велејќи само дека и покрај сегашната криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот, тие интензивно работат и на други прашања, како проширувањето на Унијата, што е еден од приоритетите на хрватското претседателство со ЕУ.

eu

Би можело да ве интересира

Девет држави ја блокираат Албанија во евроинтеграцискиот процес, Рама тврди: Има само едно вето

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 11:06

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Горан Наумовски31/03/2026 - 21:23

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он28/03/2026 - 09:21

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Горан Наумовски27/03/2026 - 08:35

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски27/03/2026 - 07:4627/03/2026 - 07:46

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

Горан Наумовски23/03/2026 - 08:42
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто