Хрватска со поддршка на евроинтеграциите на Македонија

Од:

Заменик претседателот на владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Теута Арифи денеска престојуваше на работна посета во Република Хрватска.

За време на посетата Арифи оствари средба со потпретседателот на владата на Хрватска за внатрешна, надворешна и европска политика, Невен Мимица со кого разговараа за последните случувања во евроинтеграциските агенди на двете земји.

Притоа беше посочено дека Хрватска го доби последниот Извештај за напредок од Европската комисија и во 2013 година ќе стане членка на ЕУ, додека Република Македонија доби многу позитивен Извештај во што ја покажува сериозната заложба на сите институции во спроведувањето на реформите.

Арифи и Мимица посебно се задржаа и разговараа за искуството на Република Хрватска во процесот на евроинтеграциите и начинот на кој оваа земја се справувала со спроведувањето на реформите.

Беше истакната и потребата за натамошно продлабочување на добрите билатерални односи меѓу Македонија и Хрватска, во областа на економската соработка и развој, од страна на соговорниците беше потврдена и поддршката што нашата земја ја добива од страна на Република Хрватска во насока на реализирање на јасно поставената цел, а тоа е членството во евро-атлантските структури.

Би можело да ве интересира

Унгарија формира „сојуз на скептици“ кон Украина

ЕУ ја повикува Кина да помогне во завршувањето на војната во Украина

Горан Наумовски

Лидерите на ЕУ се согласија да одговорат на итните финансиски потреби на Украина во следните две години

Лавров: ЕУ и НАТО се обединија против Русија

Лопатка: Мора да го видиме напредокот во Црна Гора и во Албанија, а гледам и добри шанси за Македонија

Евростат: Невработеноста на пазарот на Европската Унија изнесува 11,7 отсто

Горан Наумовски