Хрватска атрактивна за сезонска работа за Македонците, се бараат и пожарникари за работа на брод

Од:

Македонците, млади и повозрасни не го губат интересот за работа во странство, особено за сезонска од неколку месеци во земјите од регионот и во Европа. Според агенцијата „Коузон“ најатрактивна е Хрватска во овој период на летна сезонска работа во угостителството.

Како што објаснува менаџерот во Агенцијата, Ирена Петреска, Хрватска е атрактивна поради поволните услови и платата што ја нудат рботодавците.

– Поволната плата почнувајќи од 600 се до над 1000 евра за работа во угостителството ја прави Хрватска атрактивна овој период за сезонска работа за младите и повозрасните Македонци. Хрватските работодавци според договорот, нудат работа за сите кои не се од земјите во ЕУ, меѓу кои е и Македонија. Тие нудат и работни дозволи, бесплатно сместување и храна, солидни плати и комплетни услови, особено со платен превоз назад за ангажираните работници. Лани се одеше во Бугарија, но годинава, дефинитивно е атрактивна Хрватска за сезонска работа од три и повеќе месеци, објаснува Петреска.

За работа се бараат и многу искусни и работници со занимање, атрактивни за оние на возраст од преку 30 години.

– Не ретко за работа во хотелиерството и во угостителството овој период во Хрватска се бараат оние со над 30 години возраст, па се до 50-ина години, кои се сметаат за искусни, луѓе со занимање и стабилност, вели Петреска.

За студентите овој период за работа во странство остануват Германија, Малта и европските земји. Се уште не стивнува интересот за работа на брод, но работодавците сега имаат повисоки критериуми. Ексклузивно е што во последно време се бараат пожарникари.

– За работа на брод се подигнати критериумите на работодавците и тоа е препорака за младите да имаат одредени познавања, занимања, искуство, и многу е битно, домашно воспитување и кредибилитет. Необично е што во псоледно време се бараат пожарникари на прекуокеанските бродови кои, додека се обновува бродот, се грижат за заштита од пожари и други опасности. Тие работат интензивно 20-ина дена, па се враќаат и повторно се ангажираат по потреба. Тоа е добредојдено за сите да се зголеми домашниот буџет, смета Петреска.

Би можело да ве интересира

Приведен психијатар осомничен за злоставување и дрогирање малолетници

Предраг Петровиќ

Мециновиќ: Владата води историски најопасна надворешна политика по државните интереси

Детски психијатар од Осиек со години злоупотребувал малолетни пациенти

Лажен полицаец измами старица за 23.300 евра, со парите го фатија на граница

А1он

Зајкова: Македонија припаѓа во ЕУ, а Европа мора да покаже политичка храброст

Горан Наумовски

Трајков: Идентитетот е вредност што мора да се чува

Горан Наумовски