„Христос Спасителот“ – нова црква во Карпош по повеќе години

Од:

Архиепископот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан денеска го освети камен-темелникот на новата црква „Христос Спасителот“, чија градба започна во скопската општина Карпош веднаш до трговскиот центар Сити мол.
 
Во населбите долж булеварот „Партизански одреди“, од Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во центарот на главниот град до црквата „Свети Петар и Павле“ во Ѓорче Петров,  досега немаше друг храм на МПЦ-ОА. 
 
– На денот на големиот доброчинител Свети Никола верувам чиниме добро дело, започнуваме нов божји дом за доброто на сите. Православните христијани од Карпош со децении го очекуваа овој ден,  од Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ па се таму до „Свети Петар и Павле“ во Ѓорче Петров нема храм, нема место за молитва, истакна г.г. Стефан.
 
Поглаварот на МПЦ додаде дека Карпош, која е поголема населба од повеќе градови во Македонија и со доминантно православно христијанско население, немаше храм.  Посочи дека во Македонија се градат повеќе нови храмови. Неодамна е почнат храм во Даме Груев, се градат во Аеродром, Ново Лисиче, Ченто и Бутел, а набргу најави тој, ќе почнат уште неколку во населбите каде што недостасуваат сакрални градби.  
 
– Колку поблиску до Бога, толку поблиски меѓу себе, а ние очигледно колку сме подалеку од Бога толку сме подалечни меѓу себе. Ако сме блиски на Бога, ако си ја знаеме и живееме, според верата, нема да правиме дела спротивни на заповедите и законите на црквата. Заборавивме дека ако ораме безбожност, ќе жниеме беззаконие. Не можеме да го сакаме Бога, а да ги мразиме луѓето, рече поглаварот на МПЦ-ОА. – Да им се вратиме на верата и на црквата, да бидеме христијани, не само по името, туку и по делата, порача г.г. Стефан.  
 

dobivaj vesti na viber

 
Градоначалникот на Општина Карпош Стевче Јакимовски истакна дека многу често добивал прашања од граѓаните кога ќе се изгради црква за граѓаните од овој дел на градот и им се заблагодари на ктиторот и на сите оние кои помогнале да се изгради црква во овој дел на градот.
 
– Покрај овој свет храм, следната година ќе се стави камен-телемелникот на црквата во Влае, и уште една црква во Козле кај споменикот на Кузман Јосифовски-Питу. Бараме локација за четврти храм на територијата на Карпош 1 и Карпош 2 и со тоа мислиме дека во најголем дел ќе бидат покриени потребите на граѓаните на Општината, изјави Јакимовски кој побара помош и донации за изградба на оваа и на другите цркви и од жителите на населбите.    
 
Ктитор на новата црква е Зоран Антиќ, сопственик на Фешн груп и неговото семејство, а донација за изградба на црквата има и од семејство на македонски иселеници во Австралија.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Павлова-Николовска

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза