Ховит: Преговорите со ЕУ треба да почнат

Од:

Моите очекувања се дека пристапните преговори со ЕУ треба да почнат. Впрочем и Европскиот парламент и Европската комисија го повторуваат тоа, изјави известувачот за Македонија во Европскиот парламент Ричард Ховит.

„Како известувач за оваа држава, јас изнесувам критики кога тие се оправдани, но оваа држава достигна позиција кога преговорите треба да почнат. Целиот мој напор и енергија се фокусирани врз обидот да се најдат вистинските компромиси во Брисел за да може да почнат пристапните преговори со ЕУ“, вели Ховите за Радио Слободна Европа во врска со шансите Македонија да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ.

Еврокомесарот Штефан Филе, додаде тој, лично отпатува во Атина и во Софија да се обиде да помогне во постигнување консензус за да се изгласа датум за преговори во декември.

„И јас бев во Атина, работам блиску со бугарските колеги, имам интензивни разговори со сите политички лидери оваа недела тука во Скопје, бидејќи мислам дека е возможно. Не предвидувам што ќе се случи, не велам дека нема да се случи, она што го кажувам е дека треба да се случи“, изјави известувачот за Македонија на ЕП Ричард Ховит.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија