Ховит: Политичките партии да ги стават интересите на државата на прво место

Од:

Во актуелните околности стравувам дека гласањето за Извештајот за земјата во Европскиот парламент нема да биде поволно. Морам да кажам со жалење дека размислувам за можноста да се одложи гласањето за мојот извештај со оглед на сегашните околности во земјата, изјави на денешната прес-конференција во Скопје известувачот на Европскиот парламент за Македонија Ричард Ховит.

– Верувам дека историската можност за земјата се уште постои на Европскиот совет во јуни, но она што ќе се случува овде во наредните неколку денови може да ги детерминира случувањата во Брисел во следните неколку години, порача Ричард Ховит. Запрашан дали локалните избори ќе се сметаат за легитимни доколку опозицијата не учествува на нив, повтори оти не би сакал да влијае на Анкетната комисија со еднострани коментари за една или за друга партија, но оти доколку се бојкотираат избори загрозен е легитимитетот на демократијата во земјата.

Посочи оти секогаш е оптимист и како известувач за пристапувањето на Македонија во ЕУ, негова задача е да наоѓа решенија, а не проблеми. – Не ни претендирав дека би можел или дека воопшто ќе најдам решение оваа недела. Тоа на крајот на краиштата е одговорност на политичарите на оваа земја, рече Ховит.

За евентуално негативниот извештај за земјата, известувачот појасни дека познато е значењето на препораката на ЕК за старт на преговорите, а доколку дојде до негативен извештај, вели тоа нема да биде во врска со одговорноста на една или на друга партија, иако тоа ќе има значење за домашната политичка сцена, туку ќе биде одговорност на земјата во целост и на сите политички партии заедно.

– Мојата порака до Владата на оваа земја е дека таа е Владата и дека има одговорност да ја реши оваа политичка криза заедно со секоја од другите политички партии што се вклучени, посочи британскиот европарламентарец.

Овие пораки и повеќе од ова во врска со надминување на политичките несигалсувања, вели им ги кажал и на средбите со политичките партии во земјата.

– Нема да дадам временска рамка за решавање на политичкиот спор во земјата. Таа временска рамка беше вчера. Тоа треба да се реши веднаш оти и нанесува штета на земјата, ги загрозува нејзините перспективи и единствено што можам да кажам како пријател и човек што ја сака оваа земја и сака таа да има европска иднина е дека оваа криза мора да се реши, порача известувачот Ричард Ховит.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он