Ховит: Македонија треба да добие датум за преговори

Од:

Известувачот на Европскиот парламент за Македонија Ричард Ховит ги оцени како разочарувачки информациите од Луксембург дека шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ на денешниот состанок не усвоиле формални заклучоци за напредокот на земјата кон Унијата, но оти тој и неговите колеги се решени да ги продолжат напорите за побрзo почнување на пристапните преговори.

– Нема да бранам одлука на ЕУ со која не се согласувам. Апсолутно го задржувам мојот став, но и ставот на Европскиот парламент дека преговорите за членство треба да почнат. Никој не може да ги игнорира тешкотиите со кои се соочи земјата по настаните од декември 2012, но верувам дека има политичка волја тие да се решат. Владата и опозицијата во Скопје мора да се воздржуваат од меѓусебни обвинувања и да ја користат нивната енергија позитивно за справување со предизвиците што претстојат. Денеска не е крај на играта. Напорите за добивање датум за почеток на преговорите продолжуваат до декемврискиот Самит на ЕУ, а јас ќе бидат на чело на тие напори, вели во пишаната изјава британскиот европратеник Ричард Ховит.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија