Ховит ќе објави за кога и зошто е одложено гласањето за Резолуцијата на ЕП за Македонија

Од:

Известувачот за Република Македонија во Европскиот парламент, Ричард Ховит, заедно со дузината известувачи во сенка, попладнево во 16:15 часот ќе одржат состанок во зградата на ЕП во Брисел со цел да се договорат кога да се одржи гласањето за Резолуцијата на европскиот законодавен дом за нашата земја, што по синоќешната расправа е одложено на неодредено. Од кабинетот на Ховит, за дописникот на МИА од Брисел потврдија дека известувачот денеска ќе се сретне со своите помошници и дека по средбата во заедничко соопштение ќе ги соопштат причините за кога и зошто Комисијата за надворешни работи (АФЕТ) на Европарламентот го одложи гласањето за Резолуцијата.

Како што претходно објави МИА, на барање на британскиот европратеник и известувач, АФЕТ синоќа се договори да го одложи гласањето за Резолуцијата на ЕП за октомврискиот извештај на Европската комисија за Македонија, што требаше да се случи на 4 март и покрај противењето на бугарски и грчки европратеници, а со образложение дека актуелната политичка криза што ја создава опозициската СДСМ може да има големо влијание на истиот, иако се однесува на минатата година.

– Кризата што настана по случувањата на 24 декември минатата година не се надимнува. Двете главни политички партии во земјата се обвинуваат меѓу себе, а опозициската СДСМ го напушти Парламентот и се заканува со бојкот на локалните избори. Останува мое мислење дека Македонија има историска можност во јуни да добие позитивна препорака за почеток на пристапните преговори од Европскиот совет, но само аако се реши ситуацијата, која може да го уништи прогресот на земјата обезбеден изминатите години, истакна Ховит на вчерашната дебата на АФЕТ, каде се постигна согласност по денешната средба на известувачот со известувачите во сенка да се постигне согласност за заеднички став со кој ќе се образложи одложувањето на гласањето на Резолуција, но истиот да не значи притисок врз некоја од партиите во Скопје, туку за притисок врз двете за решавање на проблемот.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија