Ховит го одложи гласањето за Македонија

Од:

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент Ричард Ховит, како што најави за време на неговата последна посета на Скопје, побара одложување на гласањето по неговата резолуција за напредокот на земјата поради внатрешната политичка криза. Овој потег известувачот го прави поради можноста од негативно изјаснување на европарламентарците, пренесува Макфакс.

Во расправата по предлог-резолуцијата пред Комитетот за надворешна политика во Европскиот парламент во понеделникот, Ховит изрази жалење за моменталната политичка ситуација во земјата и побара од политичките чинители да го стават националниот интерес над партискиот.

„Верувам дека одложувањето ќе биде порака дека ја поддржуваме европската перспектива на земјата, но и дека бараме надминување на моменталната политичка ситуација”, рече Ховит.

Во меѓувреме продолжува амандманската расправа по предлог-резолуцијата на Ховит, каде според бројот на поднесени амандмани на врвот се бугарските и грчките европратеници.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија