Ховит: 170 Амандмани на Резолуцијата за Македонија

Од:

Амандманите по Предлог-резолуцијата за Македонија што ја изготви известувачот во Европскиот парламент Ричард Ховит се поднесени, откако вчера попладне заврши рокот за нивното доставување.


– Постои силна дебата за земјата, за нејзината европска иднина, предизвиците со кои се соочува. Да, ќе има суштински забелешки кои ќе бидат дебатирани и ќе гласаме за нив и јас не го кријам тоа. Но, како известувач сум убеден дека ќе успееме да дојдеме до компромиси кои се во интерес на земјата и нејзината европска иднина, истакнува известувачот Ховит во изјава за телевизија 24 Вести.


Тој вели дека се поднесени 170 амандмани, а тој самиот има поднесено 20-тина.


Иако очекува амандманите од неговите колеги да бидат насочени кон соочувањето на Македонија со нејзините предизвици, сепак вели дека тие силно го поддржуваат отворањето на пристапните преговори.


Ховит се надева дека европските пратеници ќе се согласат со неговата позиција во предлог-резолуцијата дека постои недостиг на кредибилитет во процесот на преговорите за името и оти ќе биде прифатено неговото мислење дека меѓу Македонија и Бугарија постои дух на нова соработка и добри релации. Од Македонија бара да направи се што може за напредок во аспирациите за европска интеграција.


Известувачот за Македонија вели дека ја исполнил намерата Предлог-резолуцијата да ја објави пред одржувањето на Европскиот совет идната недела, со цел со неа да изврши притисок.


– Факт е дека како известувач реков дека преговорите треба да започнат и кажав зошто. Тоа не е само во интерес на земјата, туку и на ЕУ и се надевам дека тоа ќе направи притисок врз некои влади да донесат вистинска одлука за неколку дена, нагласува Ховит.


Дебатата за амандманите и гласањето по Предлог-резолуцијата за Македонија се закажани за втората половина на јануари.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија