Хотел „Молика“: Згриживме 200 граѓани во државен карантин, жал ни е што неколку лица во хотелот не се задоволни

Од:

Од хотелот „Молика” преку соопштение реагираат на критиките што биле упатени кон нив од страна на лица кои таму престојувале во карантин.

„Во врска со ситуација минатата недела, во која на хотелот му беше испорачан запакуван прехранбен производ кој не беше во исправна состојба, нешто што се утврди дури по отворањето на пакувањата, сакаме да ја известиме јавноста дека од наша страна веднаш беше направен записник од фактичката состојба и писмено реагиравме до добавувачот кој има склучено договор со нас за добавување млечни производи, но исто така реакцијата се однесува и до самиот производител. Во реакцијата посочивме дека нивниот пропуст се одразува на нашиот имиџ како познат угостителски објект и бренд, а исто така и врз нашите гости, и дадовме опомена пред раскинување на договорот поради направениот пропуст од нивна страна.

Сакаме да потенцираме дека сите граѓани кои издржуваа и издржуваат државен карантин во хотелот ,,Молика” се многу задоволни од престојот, условите и услугата од наша страна, и нивните коментари одат во насока на изразување благодарност за сè што правиме за да им го олесниме ова, за нив, тешко искуство за кое ние имаме големо човечко разбирање.

Во однос на исхраната, хотел ,,Молика” за лицата кои се во карантин во нашиот објект обезбедува мени по сите хотелски стандарди и стандарди во туризмот. Исто така, обезбедуваме и соодветно мени согласно побарувањата на дел од лицата во карантин врз основа на нивните верски и религиозни определби.

Сметаме дека не е во ред поединци да се обидуваат да градат друга слика во јавноста, поинаква од реалната, и апелираме до медиумите и до граѓаните кои ги следат случувањата да не се потпираат само на искази на една личност, во кој и да е случај, па така и во овој случај.

Сакам да нагласам дека нашите вработени работат под вонредни околности, опслужувајќи лица во државен карантин и, за жал, нивната работа е отежната токму и поради неодговорното однесување на мал број од тие лица кои се обидуваат да ги прекршат протоколите, но, за среќа, има навремена реакција од органите на редот, што резултираше и со казни за лицата, за што јавноста веќе беше известена“, изјави Никола Каровски, извршен директор на „Елемтурс“, во чија надлежност е управувањето со хотелите ,,Молика”, „Славија” и ,,Попова Шапка”.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска