Хоспитализирани се вкупно 113 пациенти заболени од коронавирус, од нив 14 на респиратори

Од:

На Инфективната клиника во Скопје денеска биле примени нови 3 пациенти, со што бројката на хоспитализирани е 68, од кои осум се на механичка вентилација, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

Во болницата „8 Септември“ хоспитализирани се вкупно 31 пациенти, од кои на респираторна машина се шест пациенти, додека пак во битолската болница, хоспитализирани се пет пациенти кои се во стабилна здравствена состојба. Во Штип хоспитализирани се вкупно девет пациенти позитивни на коронавирусот.

Со ова, вкупната бројка на хоспитализирани изнесува 113, од кои 14 се во потешка состојба и дишат на респираторна машина.

Во тек е и доопремување на мобилната болница која располага со околу 100 легла, за која Филипче рече дека за два дена треба да биде ставена во функција. Со тоа би се дуплирал капацитетот на Инфективната клиника.

Досега, како што информираше Филипче, во државата се извршени 8552 тестирања за Ковид-19.

Во последниве 24 часа, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починале четворица пациенти – 79-годишна пациентка од Скопје, пациент од Велес на 58-годишна возраст, пациент од Прилеп на 67 години и уште еден 63-годишен пациент од Скопје.

Во Штип се регистрирани тројца оздравени пациенти од Ковид-19, кои со лесна форма на болеста биле лекувани во домашни услови.

Во изминатите 24 часа се дијагностицирани 26 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје – 4, Куманово – 11, Прилеп – 3, Тетово -4, Велес – 2, Кочани -1 и Пробиштип -1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 854 лица.

Филипче рече дека се распределува и заштитната опрема, односно донацијата од Чешка од каде беа испратени 1 милион маски ќе бидат дистрибуирани во сите установи, согласно интензитетот на нивното трошење.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он