Хорор филм е училиштето во струшко Калишта

Од:

Во влажни училници од каде се шири миризба, пропаднати тавани и искршени подови, тоалети без вода и без други основни услови за работа, учат 24 ученици во Основното училиште во струшкото село Kалишта.

Во 21 век овие деца основното знаење го добиваат во нехумани и крајно мизерни услови.Родителите на градските власти во Струга и дадоа 10 дена рок да го нашминка училиштето, да ги подобри условите за работа, во спротивно се закануваат со протести и непуштање на децата на училиштето. Од Локалната во Струга велат дека немаат пари за варосување на училиштата а, камоли за други поголеми инфраструктурни зафати.

„Поубаво ќе биде децата да си ги земеме дома. Во овие услови во кои што учат децата може само да се разболат ништо друго.Гледате дека овде можат да добијат некоја болест,  некоја зараза. Дополнителен проблем имаме и во зима. Ние како селани сме должни да носиме од дома а дрва за да им биди топло,  вели Менди Аљуши родител.

„Ќе бидеме поагресивни во барањата, затоа што овој проблем се провлекува долги години. Ние како жители на селото плаќаме даноци на државава, а државата за нас нема дадено ниту денар. Политичарите само ни ветуваат и доаѓаат овде само да ги земамат гласовите“, вели родителот Неџми Мустафаи.

„Од општината добиваме само ветување и ништо друго ,  вели Урим Неструфи-родител.

Училиштето во Калишта е старо 80 години, и од тогаш до денес ништо не е инвестирано во него.Зградата е вистинска руина  и внатре состојбата е како од Втората светска војна.

Од општина Струга признаваат дека училиштетот во Калишта е во лоша состојба, а училиштетот извесен период немаше и струја. Досега единствено нешто што е променато на објектот е кровот кој бил на донацијата на Француската амбасада.

“Општината располага со свој буџет за помали инфраструктурни работи.Но парите наменети за училиштата ги земаат превозниците на учениците и добавувачите на нафата.Ова училиште беше исклучено и од струја. Јас постојано апелирам до министрствот о за образование наменските средства да не ги намалува бидејки сме во голема финансиска криза“, вели раководителот на секторот за образование Џејми Хајредини.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Николова: Предложените реформите се без јасна стратегија за развој и модернизација на образованието

ВЛЕН: Сериозно сме посветени на образованието кое беше во тотална летаргија

Јаневска: Пакетот закони од образованието се носи демократски и инклузивно

Горан Наумовски

Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието

Предраг Петровиќ

Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати

Јаневска: За четири месеци ги зголемивме платите на наставниците и инвестираме во инфраструктура