ХОПС: За време на одбележувањето на Меѓународниот ден за правата на сексуалните работници не се случија инциденти

Од:

По објавувањето на текстот со наслов „Сексуалните работнички нападнати: Курви, проститутки“ објавен на 02.06.2021 година во 18:30 часот од страна на авторката Искра Манојлвоска на интернет порталот А1Он, Платформата за декриминализација на сексуалната работа односно организациите ХОПС-Опции за здрав живот Скопје, Стар- Прв Колектив на сексуални работници на Балканот и Коалиција Маргини упатуваат демант на објавената содржина поради следното:

  • Насловот е крајно сензационалистички и од него се добива впечаток дека се случиле инциденти за време на одбележувањето на Меѓународниот ден за правата на сексуалните работници 02 јуни – што е целосно неточно.
  • Од начинот на кој се пласирани информациите во ударниот дел од текстот, поточно во насловот и првиот дел, се добива впечаток дека искажаното произлегува од изјавата на извршната директорка на ХОПС- што е неточно и погрешно контекстуализирано.
  • Тврдењето што произлегува од насловот не е поткрепено со ниту еден аргумент, ниту каква било статистика или сведоштво кои би го оправдале ваквиот наслов и употребата на погрдните зборови,
  • Употребата на ваквата терминологија во насловот ја оценуваме како репродукција  на стигматизирачки, омаловажувачки и дискриминаторски говор, кој што ја вознемирува заедницата на сексуални работници.
  • Тоа е во спротивност со медиумската етика и стандарди за известување за вакви теми, особено имајќи предвид дека медиумите не треба да учествуваат во ширењето на ваквиот говор, туку треба да придонесат во неговото препознавање, обезличување и дистанцирање од него.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Црвените чадори маршираа во Скопје: Сексуалните работнички бараат хуман и еднаков третман од државата

Марш на црвените чадори: Потребно итно донесување нови правни рамки за регулација на сексуалната работа

Ана Ололовска

Меѓународен ден на сексуалните работници: „Ние сме осудувачко општество, кое не прифаќа различности“

Искра Манојлоска

ВИДЕО: „Дајте вакцини, и ние сме приоритетна група“, протестираат бразилски сексуални работнички

Жарко Настоски

ВИДЕО: Девојките од излозите го „запалија“ Скопје, три часа со еротски танц ја држеа публиката пред Универзална

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Скопјани на колена пред разголените танчерки

Маја Илиевска-Пачемска