Холданскиот амбасадор Пломп во посета на Еко Герила во Тетово

Од:

Честитки за постигнатиот успех во случајот Југохром како и за активностите за животната средина, денеска добија активистите на Еко Герила од амбасадорот на Кралството Холандија во Македонија Вилем Ваутер Пломп кој ги посети во канцелариите на организацијата во Тетово.

Од Еко Герила информираат дека Пломп изразил интерес за голем број други проблеми на граѓаните на Тетово во врска со загадувањето на воздухот, водата и почвата, како и мерките и акциите кои Еко Герила се очекува да ги преземе во најблиска иднина.

На средбата се разговарало и за можностите за соработка меѓу Еко Герил и холандските институции и граѓанското општество на Кралството Холандија во областа на размена на информации, знаење и активизам.

Би можело да ве интересира

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница

Левица: Скандалот во Центарот за социјални работи Тетово добива нови димензии

Најстудено во Берово и на Попова Шапка, најтопло во Тетово

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар