Холанѓанка полово нападната во Вевчани

Од:

Во полициската станица во Велешта 55-годишна жителка на Холандија пријавила дека во атарот на селото Вевчани била полово нападната.

Вчера околу 14 часот и 30 минути додека К.С.К. сликала стадо овци, овчарот ѝ се доближил и побарал тој да ја слика заедно со стадото, а откако ја сликал, Холанѓанката се поздравиле и тргнала кон своето возило.

Во тој момент, овчарот со употреба на физичка сила ја турнал на земја, легнал врз неа и почнал да ја допира по интимните делови од телото, а се заканил и со нож да не дава отпор.

К.С.К. успеала да се оттргне од него и се упатила кон возилото, по што сторителот тргнал по неа, ја отворил вратата од совозачката страна и од нејзината чанта извадил паричник од кој одзел 2.000 денари по што избегал.

По преземените мерки од страна на полицијата била утврдено дека се работи за лицето А.А. (29) од село Подгорци, струшко.

Би можело да ве интересира

Обвинителството ги утврдува причините за смртта на седумесечното бебе од Вевчани

Почина седумесечно бебе во болница во Охрид: Паднало од кревет во домот во Вевчани

A1on

Во Вевчани: Маж со пушка пукал кон домашни миленици

Приведен вевчанец, пукал со пушка во домашни кучиња

Кривична пријава за лажниот лекар од Вевачни за надрилекарство, измама и за фалсификување

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Власта на Заев со специјалци тепа луѓе на карневал кои го исмеваат лошото владеење на СДСM

Жарко Настоски