Холандија дава зелено светло за С.Македонија за првата меѓувладина конференција

Од:

Владата на Холандија не гледа никаква пречка и дава зелено светло за одржување на првата меѓувладина седница со Северна Македонија, јави „Ора њуз“ телевизија.

Според телевизијата, холандската Влада предлага преговорите со Тирана, пак, да бидат официјализирани во некое друго време.

-Владата на Холандија ја официјализираше својата одлука против свикувањето на првата меѓувладина седница меѓу Албанија и Европската Унија. Владата го потврдува официјалниот почеток на преговорите, но според Холандија, Албанија се уште не ги исполнила условите што ги бара Европскиот совет. Формирањето на Уставниот суд, Врховниот суд и борбата против корупцијата и организираниот криминал за Холанѓаните остануваат услови што албанската Влада не ги исполнила, наведува „Ора њуз“.

Одлуката на холанската влада е доставена до парламентот за да се донесе конечната одлука.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија