Граѓанскиот активист Џелал Хоџиќ – Џељо на својот фејсбук профил напиша:
Успешна власт, успешни телевизии, успешна Македонија!
Насекаде само успеси, победи, триумфи!
“Успешната” акција, на Јанкуловска-министерка за внатрешни, досега однесе осум полицајци. А никој жив не го знае бројот на загинати цивили.
“Успешната” работа, на Сашо Мијалков-директор на УБК, од македонските граници направи швајцарско сирење. Кој кога, како и од каде сака си влегува, со што и да сака.
“Успешната” работа, на Али Ахмети-лидер на ДУИ, борец за човекови права, човек кој се залага за ЕУ и НАТО интеграции, од Македонија направи земја на политички затвореници, заробени медиуми, поклопени судови, блокирани интеграции и руски заканувачки реакции.
“Успешната” работа на Никола Груевски-премиер, лидер на ДПМНЕ, пастир, голем Македонец, економски реформатор, донесе да од Македонија за овие 10 години се иселат преку 450.000 луѓе, а уште толку да се спремаат да избегаат, донесе да имаме најмали плати во Европа, донесе да имаме преку 30% невработеност, а притоа дуплирана администрација, донесе рекордни долгови и лудачко поставување на споменици.
Од нивните “успеси” бел ден не видовме.
Од нивните „успеси” глава не кренавме.