Хоџај: Викендов се отвора граничниот премин Белановце – Станчиќ

Од:

Потпретседателот на косовската Влада во оставка Енвер Хоџај вели дека новиот граничен премин меѓу Косово и Северна Македонија, Белановце – Станчиќ, ќе биде пуштен во употреба во текот на овој викенд, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во објава на својата страница на Фејсбук, Хоџај за заслугите за отворање на преминот им се заблагодари на надлежните косовски институции и на Владата на Република Северна Македонија.

– По многу години одлагање и одолговлекување, среќен сум што заедничката гранична точка Станчиќ – Белановце е готова и ќе се отвори овој викенд за граѓаните. Благодарност до Државната комисија на Косово за одбележување и одржување на границата и на другите институции за соработката и на македонската Влада за тоа што во една година, благодарение на политичката волја, се заврши овој проект, кој со години беше блокиран, напиша Хоџај.

Граничниот премин Белановце – Станчиќ, кој ги поврзува кумановскиот регион во Северна Македонија со гњиланскиот во Косово, се изгради со финансии од ИПА програмата на Европската унија.

Иницијативата за отворање на граничниот премин потекнува од 2011 година, а неговата изградба започна во јуни 2018 година, кога беше поставен камен темелникот од страна на вицепремиерите на двете земји, Бујар Османи и Енвер Хоџај, и амбасадорот на ЕУ во Скопје, Самуел Жбогар.

Жителите од кумановскиот и гњиланскиот регион досега се жалеа поради нереализацијата на проектот, затоа што, како што велат, беа принудувани да патуваат и по сто километри за, преку граничниот премин Блаце, да стасаат до местата на другата страна на границата, кои се инаку многу блиску едно до друго.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Загрозени сме од воениот сојуз на Хрватска, Албанија и Косово, ќе ја браниме нашата територија

Катерина Ѓуровски

Симиќ: Во експозето на Курти нема Срби, ниту пак правата што ни се гарантираат со Устав не ни се загарантирани

Избрана нова влада во Приштина, Курти е премиер по трет пат

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Курти доби мандат за формирање на нова косовска Влада

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски