Хоџа: Наскоро нови униформи за Шумската полиција

Од:

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа информира дека завршена е јавната набавка со која треба да се обезбедат нови униформи за вработените во Шумската полиција. Освен тоа преземени се повеќе конкретни мерки на Министерството за подобрување на условите за работа на шумската полиција во насока на спречување на дивата сеча.

–Јавната набавка е завршена за униформите, не знам кој е исходот, но овие денови ќе има јавно објавување. После толку години Шумската полиција ќе добие нови униформи. Пред одредено време доби нова опрема и чевли што ги немаа досега. Така да се работи конкретно на подобрување на нивните услови. Веќе имаме барање и кон организации за опремување на подрачните единици и верувам дека и овој проблем ќе се стави под контрола и ќе може да ја работат непречено нивната работа, изјави министерот Арјанит Хоџа од тетовско Желино каде учествуваше на акцијата за пошумување „Здив за иднината“.

Во насока на дејствувањето на Шумската полиција на терен, Хоџа истакна дека продолжува бескомпромисна борба против дивата сеча и дека има координација со сите институции што се вклучени во проблематиката.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Горан Наумовски

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Повик до откупувачите на сончоглед да достават податоци за извршениот откуп

МЗШВ: Земјоделците од Свети Николе со силна поддршка на решението за продолжување на договорите што го понудивме