Хоџа: ЕВН и ЕЛЕМ да ги расчистат правните прашања пред повторното ставање во употреба на зградата во центар

Од:

Објектот во центарот на Скопје, што е во сопственост на државната ЕЛЕМ и на приватната компанија ЕВН, пред да биде повторно пуштен во употреба ќе мора да има целосно расчистени правни односи, изјави денеска владиниот портпарол Муамед Хоџа.

-Делот на ЕЛЕМ останува во владение на Службата за општи и заеднички работи на Владата и таа ќе го додели на користење на институциите што во моментов плаќаат закупнина. ЕВН како приватна компанија може самостојно да располага согласно нивните планови. Во секој случај, пред објектот да биде повторно пуштен во употреба ќе мора да има целосно расчистени правни односи, рече Хоџа на новинарско прашање на редовната прес-конференција во Владата.

Во однос на изградбата на фасадата, што е запрена веќе две години и нема никакви градежни работи, а договорот со изведувачот не е поништен, тој рече дека нема развој во овој дел и оти јавноста ќе биде информирана штом ќе се реши што понатаму.

Компанијата ЕВН го продава својот дел од зградата, а ЕЛЕМ ќе се сели во новиот објект.

Би можело да ве интересира

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски