Хирушки инструменти во вредност од 860 илјади денари се донирани за потребите на Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Донацијата „Олга и Асан Керим“ се состои од хирушки инструменти наменети за минимално инвазивни кардиохирушки интервенции, кои единствено во регионов се изведуваат од еминентниот кардиохирург проф.д-р Салис Таџер.
Со оваа револуционерна хирушка интервенција може да се изведат корекции на дволисните (митрални) залистоци, корекција на срцевите артерии како и интервенции на вродени срцеви проблеми кај деца.
Донацијата „Олга и Асан Керим“ како благодарност до целиот стручен тим на болницата денеска ја предаде Срџан Керим, претседател на Управниот одбор на Медиа Принт Македонија, истакнат дипломат и публицист.
Извршниот директор на Клиничката болница „Аџибадем Систина“, Јордан Камчев денеска на прес-конференија се заблагодари за донацијата посочувајќи дека донираните инстументи се од особено значење за кардиохирургијата и ќе овозможат услови за непречено избедување на минимално онвазивните кардиохирушки операции.
– Крајниот бенефит од ваквото добро дело на господинот Керим ќе го почувствуваат нашите пациенти кои се во фокусот на се што работиме и создаваме. Сведоци сме на уште едно добро дело кое ќе претставува достоинствен пример за тоа како треба да се негуваат принципите на општествена орговорност кон заедницата, рече Камчев.
Керим истакна дека кога лани починала неговата мајка дознал дека поседувала 860 илјади денари на штедна книшка кои тој сега ги донира за Клиничката болница „Аџибадем Систина“.