Хидролошката состојба се стабилизира

Од:

Хидролошката состојба во Република Македонија се стабилизира, констатира Координативното тело за превенција од природни непогоди кое на денешниот состанок ги разгледа последните информации од теренот за висината на водотеците и водостоите, како и проекциите согласно временската прогноза.

Како што соопшти Министерството за транспорт и врски по состанокот, воспоставен е континуиран мониторниг на повеќе пунктови, утврдени се повеќе мерки за санација на состојбата и преземени се натамошни превентивни мерки во сите населени места погодени од временските неприлики.

Во соработка со Црвениот крст дистрибутирани се храна и хигиенски пакети за лицата евакуирани од критичните подрачја, а е обезбедена и питка вода за подрачјата во кои е забрането користењето на водата за пиење заради поплавите. Градежна механизација е испратена да работи на расчистување на наносите и намалување на нивото на надојдените води во Куманово, Старо Нагоричане, Василево, Свети Николе и Пишица во општина Пробиштип.

Координативното тело во следниот период редовно ќе одржува состаноци со цел увид во состојбата и преземање мерки за превенција на штети од временски непогоди. Во него членуваат претставници на голем број релевантни институции меѓу кои и министерствата за земјоделство, шумарство и водостопанство, за внатрешни работи и за одбрана, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, Управата за водопстопанство, Управата за хидрометеоролошки работи, ЈП „Македонија пат“, АД „ЕЛЕМ“ и ЈП „МЖ Инфраструктура“.

Би можело да ве интересира

Меѓународен ден за намалување на ризикот од катастрофи: Подготвеноста за поплави почнува дома и спасува животи

Поплави во Турција: Четири лица загинаа, три се водат како исчезнати

Тројца загинати и четворица исчезнати во поплавите во Истанбул

А1он

(ВИДЕО) Хаотични сцени во Истанбул – патишта се уриваат, поројните води носат автомобили, поплавени се болници и метрото

А1он

(ВИДЕО) Силно невреме ја погоди Италија – загинаа две жени

А1он

(ВИДЕО) Двајца работници извлечени живи од тунел во Непал, девет дена по поплавите

А1он