Хидроакумулациите во Струмичко со доволно вода за наводнување и пиење

Од:

Хидроакумулациите во Струмичко се полни и за претстојната сезона нема да има никакви проблеми за користење на водата за наводнување и пиење, информира Лазо Ѓоргиев, директор на АД Водостопанство на Македонија-Подружница „Струмичко Поле“, Струмица.

Двете најголеми акумулации „Турија“ и „Водоча“ интензивно се полнат, додека помалите акумулации, како што се „Новоселка“, „Иловица“, „Маркова Река“ и „Чаушица“ се полни и веќе преливаат.

– Во „Турија“ моментно има 42 милиони кубни метри вода и уште осум милиони кубни метри вода се потребни да го достигне максималното ниво. Во „Водоча“ има 17,5 милиони кубни метри вода, а целосно да се наполни се потребни уште девет милиони кубни метри вода. Со оглед дека во наредните денови повторно ќе има врнежи, очекувам да биде достигнато максималното ниво, вели директорот на Подружницата „Струмичко Поле“, Лазар Ѓоргиев.

Според него, насобраната количина вода во хидроакумулациите е доволна за наводнување за целата територија на поранешна општина Струмица и за вода за пиење за градот Струмица и населените места.

– Од браната „Турија“ годишно за двете намени се трошат 16 милиони кубни метри вода, а од „Водоча“ шест милиони кубни метри. Со сегашното ниво на двете најголеми акумулации ја имаме обезбедено потребната количина вода за цела година, додава директорот Ѓоргиев.

Инаку, само во текот на вчерашниот ден нивото на акумулацијата „Турија“ е покачено за 40 сантиметри.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Поплави во Струмичко, удавени 100 овци и 120 јагниња

Катерина Ѓуровски

„Здрава котлина“ организираше протест против аерозагадувањето на Струмица

А1он

Левица: Баџанакот на Мицкоски со бугарски фирми добива тендери од општина Струмица

Трагедија во Струмица: 71-годишна жена е пронајдена почината во Градскиот парк

Горан Наумовски

Мртва жена e пронајдена во Градскиот парк во Струмица

Горан Наумовски

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри