ХЕРА: Еднакви сексуални права за сите

Од:

Креирање свет во кој сексуалните и репродуктивните права ќе бидат загарантирани и еднакви за сите, е пораката на невладината организација ХЕРА по повод Меѓународниот ден на младите, 12 Август.

Според организацијата, општеството има обврска да создаде атмосфера во која ќе се почитуваат сексуалните права. Државните институции се оние кои ја имаат најзначајната улога во менувањето на овие состојби и отстранување на препреките.

– Сексуалните права треба да бидат основа и појдовен принцип во сите документи и политики. Тие се дел од корпусот човекови права. Нивното целосно остварување овозможува целокупен развој и напредок на секоја личност. Често пати сексуалните права се завиени со доза на игнорирање, отфрлање, страв, непознавање, митови. Исто така, сексуалните права не ретко биле прекршувани, потиснати, неисполнети или пак ставени на маргините. Сексуалните права се нашето секојдневие, тие не се апстрактна теорија која е само некаде запишана, наведува ХЕРА.

Особено е важно, стои во пораката, младите да можат да ја истражуваат, искусат и да ја изразат својата сексуалност на здрав, позитивен, задоволувачки и безбеден начин.

Признавање на сексуалните права на младите луѓе како составен дел од корпусот на останатите човекови права, целосно вклучување на младите при донесување на сите одлуки што се однесуваат на нив, почнувајќи од оние кои што се донесуваат во нивната заедница, обезбедување континуирано информирање на младите во врска со нивната сексуалност и вклучување на сеопфатно сексуално образование во училиштата, како и подобрување на здравствениот систем преку прилагодување на постојните сервиси според потребите на младите за нивното сексуално и репродуктивно здравје, се барањата на ХЕРА за подобрување на состојбите во оваа насока.

Волонтерите на организацијата подготвија и публикација „Незнаењето не е став – Сексуалните права на младите во Македонија“ која може да се прочита на линкот http://tiny.cc/ifra1w.

Би можело да ве интересира

Условна казна за скопјанец кој нападна припадник на ЛГБТ заедницата

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

Светска банка: Економското вклучување на ЛГБТИ луѓето ќе го зголеми БДП на Северна Македонија и Србија

ВИДЕО: Над 2.000 луѓе во Грузија нападнаа ЛГБТ поворка

Предраг Петровиќ

Епископот Јаков со одговор до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Предраг Петровиќ

Костадин Костадинов влезе во војна со ЛГБТ организациите: Струмица излепена со „пречкртано виножито“

A1on