Хенли паспорт индекс: Македонците без виза можат да патуваат во 112 држави

Од:

Македонија се наоѓа на 46. место на ранг листата на пасоши според бројот на држави во кои може да се отпатува без виза. Граѓаните на Македонија можат слободно да патуваат во 112 држави.

Грција е најдобро рангирана земја во регионот. Таа се наоѓа на седмо место, а нејзините граѓани слободно можат да патуваат во 171 земја.

Од земјоте во опкружувањето, Словенија е на 11. место (167 земји), Бугарија е на 20. позиција (156) Хрватска е на 21. место (155 држави), Србија е на 41. (119 држави), Црна Гора на 48. (110), БиХ на 51 место (105), Албанија е на 52. (100 држави) и Косово е на 96. место со можност без визи да се отпатува во 38 земји.

Германците без виза можат да посетат 177 држави во светот, што ја прави Херманија прва на листата на Ханли паспорт Индексот и за 2018 година. На второ место е Сингапур (176 земји), а третото место го делат Данска, Финска, Франција, Италија, Јапонија, Норвешка, Шведска и Велика Британија, чии граѓани можат слободно да патуваат во 175 држави.

Американците без виза можат да патуваат во 173 земји, што ги става на петтото место.

Најлошо рангиран е авганистанскиот пасош, чии државјани можат да патуваат без потребното одобрување во само 24 земји, пред нив, на 103. место е Ирак (27 држави), а на 102 место е Сирија (28 земји).

Би можело да ве интересира

Влезот во ЕУ ќе се наплаќа 7 евра: Нови правила и крај на слободниот премин

Уште се чека за пасош со месеци, постапката забрзана ама само за оние што имаат да платат 100 евра

Кривична пријава потив прилепчанец за фалсификување патна исправа

ДИК бара да може да се гласа со документи без „Северна“

Александар Тодески

Му „пукнал филмот“ додека чекал за пасош – жител на Табановце нападнал вработен во пасошко во Куманово

Анита Петровска Рајковиќ

Сакале да минат граница со менувана лична карта, пасош што му фалат страници, фалс зелен картон