Хелсиншкиот комитет за човекови права бара да се преземат мерки против отпуштања од работа додека трае кризата

Од:

Хелсиншкиот комитет за човекови права добило известување од голем број работници дека одредени работодавачи ја злоупотребуваат вонредната состојба и најавуваат откажување на договорите за вработување на цели групи вработени лица или значителни намалувања на платите.

Ова, стои во денешното соопштение од Хелсиншкиот комитет, се надоврзува на фактот што Агенцијата за вработување во Охрид веќе добила пријави за одјавувања на вработени во текстилните фабрики, фабриките за производство на обувки, хотелите и рестораните.

– Од овие причини, сметаме дека е неопходен мораториум на сите откажувања на договорот за вработување од страна на работодавачот (деловни причини) и на сите намалувања на платите во периодот додека трае вонредната состојба. Апелираме до работодавачите да не го користат овој тежок период за лични интереси, туку да се вклучат и доколку можат, да помогнат во надминувањето на здравствената криза во државата. Во овие исклучително непредвидливи и тешки времиња, останувањето без плата за најголем дел од работниците ќе значи ризик по нивната егзистенција и токму затоа се потребни солидарноста и заедништвото. Дотолку повеќе, физичките и правните лица кои не ги почитуваат и ги прекршуваат препораките, ќе сносат кривична одговорност согласно членовите 205 и 206 од Кривичниот законик, се појаснува во соопштението.

Апелираат до работниците да не потпишуваат ништо без претходно да се консултираат со правник и/или адвокат. Правниот тим на Хелсиншкиот комитет е достапен за бесплатна правна консултација секој работен ден од 9.00 до 14.00 часот.

Сите кои ќе се соочат со прекршување на нивните работнички права, се посочува во соопштението, тоа можат да го пријават во Државниот инспекторат за труд на телефонскиот број 151 31 или во Хелсиншкиот комитет за човекови права, на телефонските броеви 02 3119 073, 072 278 436 или на електронската адреса [email protected].

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски