Хелсиншки: Во Република Македонија сè уште опстојува проблемот со непотполното уживање на човековите права

Од:

„Под слоганот „Човекови права 365“, денес 10 декември, во земјите членки на Обединетите нации се одбележува Меѓународниот ден на човековите права. Слоганот пренесува порака дека како неотуѓиви и неделиви, човековите права му припаѓаат секому, на секое место и во секое време поради што треба да се промовираат и штитат секој ден, 365 дена во годината.

И покрај воспоставените норми и механизми за овозможување на целосно уживање на човековите права, во Република Македонија сè уште опстојува проблемот со нивно непотполно уживање и заштита. Во 2014 година продолжи политизацијата на сите сегменти од општественото живеење, назадуваше парламентарната демократијата и бескрупулозно се наметнуваа ставовите на мнозинството наспроти волјата на малцинствата и на штета на слободата и индивидуалноста. Поделбите по партиска, етничка и верска основа предизвикаа ерозија на социјалниот дијалог и отуѓување меѓу граѓаните на државата. Владеењето на селективна правда, наместо на правото и правната држава, ја доведе во опасност заштитата на најосновните човекови права гарантирани со Уставот. Хелсиншкиот комитет е особено загрижен за влошувањето на меѓуетничките односи, ограничувањето на јавното информирање и слободната мисла, несправувањето со говорот и криминалот од омраза и нефункционалноста на механизмите за заштита од дискриминација.

Како резултат на политички притисоци и реваншизам, засилено продолжува трендот на (само)цензурирање меѓу новинарите и медиумскиот простор. Главниот спонзор на големото мнозинство национални телевизии и други медиуми останува Владата чие влијание ја диктира уредувачката политика. Пренесување на информации е пристрасно и неретко ги содржи обележјата на пропаганда. Како по правило, однапред е познат исходот на судските постапки за клевета и навреда во кои како странки се јавуваат носители на јавни функции, новинари и критичари на јавните политики. Оваа година, Хелсиншкиот комитет регистрираше стотици сторители и жртви на говор и криминал од омраза.

Најголем дел од жртвите се малолетни лица, а редовните пресметки во некои училишта и автобуси се претворија во секојдневие. Инцидентите поврзани со говорот и криминалот од омраза се  случуваат поради различната етничка, политичка и верска припадност и сексуална ориентација на граѓаните. Поради расното профилирање и  дискриминацијата по етничка основа на граничните премини над припадниците на Ромската заедница, тие се спречени да се движат слободно надвор државата. Новите решенија во законите за работни односи и прекин на бременоста претставуваат еклатантен пример за дискриминација по основ на пол, а преку предложениот Амандман XXXIII на Уставот РМ за регулирање на бракот и вонбрачна заедница се најавува директна дискриминација кон ЛГБТ луѓето.

Затоа овој ден го посветуваме на жртвите да служат како потсетник на државата за превземените обврски  во обезбедување на услови за почитување на човековите права“, се вели во соопштението на Хелсиншкиот комитет.

Би можело да ве интересира

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата во Македонија

Советот за човекови права при ОН ќе расправа за прекршувањата на правата во Иран

А1он

Европскиот суд за човекови права ја осуди Романија

А1он

Хелсиншки комитет: Институциите мора да ги заштитат осудениците во висок ризик

Ана Ололовска

„На образованието му треба сериозно проветрување од насилници“

Ана Ололовска

ЕУ: Руските граѓани не се повеќе заштитени со Европската конвенција за човекови права

А1он