Хелсиншки: По кој закон постапува јавното обвинителство?

Од:

Хелсиншки комитет за човекови права во рекацијата за вчерашното соопштение на Основното јавно обвинителство за случајот „Пуч“ истакнува дека Обвинителство се осврнало само на начинот на кој што се дошло до снимките и се потенцирало дека ќе следат реперкусии за оние кои што ќе ги објавуваат материјалите, односно за медиумите.

„Хелсиншкиот комитет по повод соопштението на ОЈО цени дека е потребно да се истакне дека согласно член 18 од Законот за кривична постапка јавното обвинителство е должно да преземе кривично гонење ако постојат докази дека е сторено кривично дело за кое се гони по службена должност во членот.

Апсурдно е што ОЈО имајќи ги предвид досегашните информации во овој случај не соопштува дали има намера и дали нешто презема во врска со материјалот во кој наводно се говори за сериозен криминал и корупција извршен од страна на високи државни функционери. Суштествено е во случајов да се утврди постоењето или непостоењето на ваквите материјали, а не да се дефокусира предметот на постапување само на следење на постапката и начинот на кој се сочинети снимките и нивното понатамошно дистрибуирање. Хелсиншкиот комитет исто така потсетува на уставната гаранција за заштита на слободата на јавно информирање, слободниот пристап кон информациите и слободата на примање и пренесување информации.

Наводите во соопштението на ОЈО кои се однесуваат токму на овие слободи е симптоматично и може да биде толкувано како начин за спречување на понатамошно разоткривање на кривични дела чие расветлување е од особен интерес, а е должност на секој и согласно членот 273 од Законот за кривичната постапка – Пријавување на кривични дела, каде е утврдено дека секој треба да пријави кривично дело за кое се гони по службена должност.

Во врска со заканата за санкционирање на изнесување на материјали и докази во член 289 и 299 од Законот за кривичната постапка се забранува обзнанување на преземените дејствија и документи или изјави добиени во текот на постапката, но не се забранува објавување на материјали кои може да станат предмет на постапка! Затоа прашуваме на кој закон тоа се повикува јавното обвинителство и дали со ова се става во нечија одбрана, што не е негова работа, бидејќи обвинителството напротив мора да ги испита сите извори и гласини и мора да гони за обвинувања за криминал, а не да брани некого.“, стои во соопштението од Хелсиншки комитет за човекови права на РМ.

Би можело да ве интересира

ОЈО: Маж од скопското село Грчец и се заканувал на новинарка

Горан Наумовски

Ја киднапирале за пари – готово обвинението за убиството на Панче и Вања за четворица, таткото обвинет за помагање

Анита Петровска Рајковиќ

ОЈО: Извршен е увид, се испитуваат причините за опожарување на службениот автомобил на директорот на „Идризово“

ОЈО за двојното убиство во скопското село Стајковци: Го убил братот и сопругата на починатиот брат

Горан Наумовски

ОЈО: Изборниот ден помина генерално без поголеми нарушувања на гласањето и пријави за изборни инциденти

Обвинителство: Изборите се мирни – Кривични за две лица во Велес, за едниот се бара притвор

Анита Петровска Рајковиќ