Хелсиншки: Лустраторите се инструмент на власта

Од:

Последниот акт на Комисијата за верификација на фактите со кој се лустрира професорот и поранешен министер за внатрешни и надворешни работи (1991-1997) Љубомир Д. Фрчкоски (член на Управниот одбор на Хелсиншкиот комитет) се врв на извитопереноста на процесот на лустрација и на самата Комисија, пишува во реакцијата на Хелсиншкиот комитет.

Извршната власт, преку Комисијата, упорно и дрско продолжува со кршењето на Уставот и одлуките на Уставниот суд на Македонија (особено во делот на важење на законот по 1991 година), игнорирање на мислењето на Венецијанската комисија од 2012 година и препораките содржани во Резолуцијата на Советот на Европа 1096 (1996), стои во реакцијата на Хелсиншки.

Комисијата, според Хелсиншки, продолжува да работи како гол инструмент на владејачките партии во отворена политичка пресметка со политичките противници и неистомисленици. Процесот на лустрација во Македонија со овие чинови потполно се измести од својата морална основа и е во спротивност со сите стандарди врз кои треба да се води овој процес кој се претовари во отворен „лов на вештерки“ и бркање од работа на професори и интелектуалци како во мрачните денови на комунизмот и едноумието.

„Хелсиншкиот комитет уште еднаш би сакал да потсети на укажувањето на Советот на Европа дека процесот на расчистување со минатото мора да биде заснован врз принципите на законитост и правичност. Наспроти ваквите постулати, процесот на лустрација во Македонија е класичен пример за инквизиторска постапка во која обвинетите лица воопшто не се сослушуваат и немаат можност да се бранат. Како последица, за низа професии како новинари, професори и други, резултатот од оваа постапка е еднаков со казнената санкција од Кривичниот законик – забрана за вршење професија, дејност или должност. Ваквиот став е содржан и во неколку пресуди на Европскиот суд за човекови права.

– Поради сите наведени причини, Хелсиншкиот комитет ќе продолжи активно да ги штити основните права и слободи на сите недолжни жртви на неуставниот процес на лустрација. Доколку Управниот суд не ја обезбеди тајноста на личните податоци, заштитата на личниот интегритет, почитувањето на приватноста, семејниот живот, достоинството и угледот, Комитетот е убеден дека правдата ќе биде задоволена пред Европскиот суд за човекови права“, се вели во писмената реакција на Хелсиншки комитет.

Би можело да ве интересира

Несими: Мојата лустрација имаше политичка позадина

Ана Ололовска

Поништувањето на лустрацијата влезе во собраниска процедура и ги раскара пратениците

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џафери: Не го видов законот, но немам проблем со укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

(ВИДЕО) Кирацовски: Нема да ме изненадат илјадници амандмани за лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска

Калеска-Ванчева: Најавата за блокада на поништувањето на лустрацијата доказ дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е променето

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ заглавија на укинување на лустрацијата

Габриела Димковиќ-Мишевска