А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Хелсиншки бара темелна истрага за несреќата на градилиште во Куманово

by А1он30/10/2019 - 17:0330/10/2019 - 17:33324
Share0

Денешната несреќа на градилиште во Куманово, во која се повредени десет работници, од кои двајца се во критична состојба, уште еднаш ја потврди нефункционалноста на системот за безбедност и здравје при работа. Притоа, градежништвото и понатаму останува најризичен сектор, каде што несреќите со фатален исход се најчести, реагираат преку соопштение од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Добивај вести на вибер

Од таму како што велат со жалење констатираат дека фактот што според методологијата на МЗЗПР од 2010 до 2018 година на работно место животот го загубиле најмалку 318 работници, а со повреди се здобиле најмалку 895, не предизвикува соодветна реакција кај надлежните институции за да се намали црната статистика и да се подобри безбедноста.

Иако Хелсиншкиот комитет редовно апелира до работодавачите доследно да ги почитуваат законите и правилниците со кои се обезбедуваат безбедни работни услови, без темелен ангажман на сите чинители на системот за безбедност и здравје при работа, состојбата нема да се промени и дополнително ќе се влошува. Притоа, проблемот не го лоцираме во недостигот на законска регулатива, туку во недоследната имплементација на законите – и во однос на превенцијата на несреќи на работно место и во однос на санкционирањето на пропустите кои довеле до вакви инциденти, се наведува во соопштението.

Комитетот се обрати до Државниот инспекторат за труд да спроведе темелна истрага за овој случај, да ја лоцира одговорноста за несреќата и соодветно да ги санкционира сите кои со непостапување или прекршување на законите и процедурите дозволиле да се случи уште една во низата вакви трагедии.

helsinski komitet

Би можело да ве интересира

Скандалозното националистично навивање „влезе во серија“, МВР и Обвинителство го истражуваат случајот со фановите на Шкендија

Катерина Ѓуровски06/08/2025 - 13:0106/08/2025 - 14:14

Владата и Државната изборна комисија сториле директна дискриминација врз лицата со попреченост при остварување на нивното право на глас

А1он20/12/2023 - 14:1420/12/2023 - 14:18

Хелсиншкиот комитет: Неодговорноста на надлежните ја минира инклузијата на децата со попреченост

Горан Наумовски06/09/2022 - 14:08

Хелсиншки: Пропустите на училиштето да не се прикриваат со повторна дискриминација на Ембла

Катерина Ѓуровски08/02/2022 - 14:01

Хелсиншки: Недозволиво е постојаното одложување на рочиштата во случајот ,,Тамара’’

Катерина Ѓуровски16/06/2021 - 12:10

Хелсиншки комитет: Бараме одговорност за крајната небрежност на институциите во кратовскиот случај

Катерина Ѓуровски05/04/2021 - 14:35
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен