Хелсиншки комитет: Итно да се повлече Предлог – законот за прекинување на бременост

Од:

Предлог – законот за прекинување на бременост допира во основните човекови права и слободи и незамисливо е да се носи во кратка постапка – стои во соопштението на Хелсиншки комитет. Од таму велат дека одредбите од членот 6 од Предлог – законот за прекинување на бременост до 10-та недела се во колизија со член 2 кој дефинира дека право на слободен избор има лично жената, што претставува повреда на одредбите од Уставот и загарантираните права и слободи.

Хелсиншки комитет нагласува дека одредбите од Предлог – законот му даваат нова надлежност на министерот за здравство да донесува одлуки за подготовка на форматит за писмено барање за абортус, воспоставување на акти за советување и клинички протоколи, како и формирање на првостепени комисии во здравствените инсистуции.

Со тоа што министерот ќе формира комисија во здравствената установа, како што велат од Хелсиншки, дополнително ќе ја бирократизра процедурата за жената која поднела барање. Од друга страна, пак, министерот ќе биде во улога на одлучувач дали на жената да и се прифати барањето или не.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

ЛДП со иницијатива: Да се воведат лековите со кои се врши медикаментозниот абортус на позитивна листа на лекови

Доналд Трамп: Забранувањето на абортусот по 15-та недела од бременоста изгледа разумно

Франција абортусот го прогласи за уставно право

Форумот на жени на ЛДП: Таблетарната терапија за прекин на бременост да биде дел од позитивната листа на лекови

Хелсиншки комитет: Институциите мора да ги заштитат осудениците во висок ризик

Ана Ололовска

Индискиот Врховен суд: Сите жени имаат право на абортус

А1он