Хелсиншки комитет: Демиров итно да биде хоспитализиран и опериран

Од:

Хелсиншкиот комитет за човекови права денеска изрази загриженост за здравствената состојба на бездомното лице Муарем Демиров, на кој му е утврдена гангрена на двете нозе и кој веќе три и половина месеци несоодветно е сместен во ЈЗУ Психијатриската болница Скопје во Бардовци. Побара да биде хоспитализиран на соодветна клиника и да му биде извршена неопходната операција. Смета и дека јавното обвинителство треба да го истражи случајот за да се утврди одговорноста кај докторите кои несоодветно постапувале во случајот.

Претставници на Хелсиншкиот комитет денеска го посетиле Демиров и како што посочуваат оттаму, го затекнале во многу лоша здравствена состојба.

И покрај ветувањето на министерот за здравство дадено на 5 јуни годинава дека пациентот Муарем Демиров ќе биде соодветно хоспитализиран во ЈЗУ Клиниката за торакално васкуларна хирургија и ќе биде во итна програма за соодветна интервенција, како и дека по завршувањето на интервенцијата постоперативно ќе биде сместен во ЈЗУ Геронтолошки завод „13 Ноември” каде што ќе биде овозможено целосно закрепнување, посочуваат од Хелсиншки комитет, тој на 8 јуни несоодветно бил хоспитализиран во ЈЗУ Психијатриската болница Скопје, без да биде извршена операција и без да постојат услови за соодветна здравствена грижа.

– Со оглед дека не постои основ за задржување на лицето Муарем Демиров во психијатриската болница, ниту пак може да му биде обезбедена соодветна здравствена грижа, вработените во ЈЗУ Психијатриската болница Скопје, барале од Центарот за социјална работа Скопје лицето да биде сместено во друга установа каде ќе може да му биде пружена соодветна грижа. Особено важно е што во истиот допис се потенцира дека лицето Муарем Демиров нема психички нарушувања и не може да биде понатаму држен во ЈЗУ Психијатриската болница Скопје, се вели во соопштението од Хелсиншкиот комитет.

Оттаму бараат итна реакција од здравствените институции и итно хоспитализирање на Демиров, за да му извршат итна операција и да му биде обезбедена соодветна здравстевна нега.

Бараат и одговорност од Министерот за здравство Арбен Таравари поради, како што велат, очигледниот пропуст во неговото работење во однос на овој случај. Сметаат дека тој по изјавата требало да биде информиран за исходот од неговото лекување и третман.

Сметаме и дека поради непостапувањето од страна на здравствените институции има основано сомнение дека се сторени кривичните дела несовесно лекување болни и неукажување лекарска помош, поради што бараат јавното обвинителство да отвори постапка по службена должност и да спроведе истрага со цел утврдување на одговорност на страна на докторите кои несовесно постапувале во овој случај.

Би можело да ве интересира

Владата и Државната изборна комисија сториле директна дискриминација врз лицата со попреченост при остварување на нивното право на глас

А1он

Хелсиншкиот комитет: Неодговорноста на надлежните ја минира инклузијата на децата со попреченост

Хелсиншки: Пропустите на училиштето да не се прикриваат со повторна дискриминација на Ембла

Хелсиншки: Недозволиво е постојаното одложување на рочиштата во случајот ,,Тамара’’

Хелсиншки комитет: Бараме одговорност за крајната небрежност на институциите во кратовскиот случај

Хелсиншки: Поддршка за активистот Бленди Ходаи, стоп за омразата која уништува млади животи

Ана Ололовска