Хелсиншки: Етикетирање на студентите и професорите етикетирани како партиски

Од:

Хелсиншкиот комитет за човекови права во последниот двомесечен извештај констатира дека постоеле обиди да се задушат студентските протести и дека за време на вториот марш на студентите, осум лица биле легитимирани и замолени да го напуштат јавниот собир поради сомнение дека би го нарушиле јавниот ред и мир.

„Двајца од овие осум лица беа пратени од страна на полициските службеници во текот на маршот, превенирајќи можност за попречување на јавниот собир. Студентите беа изложени и на т.н. партиско етикетирање од одреден број на медиуми преку веќе добро воспоставените практики на заокружување и посочување на подобни и неподобни граѓани кои протестираат во знак на солидарност или директно како студенти“, се вели во извештајот.

Исто така Комитетот го проследи и спонтаниот собир на студентите, кога министерот го префрли состанокот со деканите на педагошките факултети во МОН.

„Тука на студентите им беше оневозможен пристап до министерството, како и можност претставници на пленумот да учествуваат со свои аргументи на закажаната средба. Предниот влез на институцијата беше затворен од страна на обезбедувањето и при обид да ги пречекаат присутните министри од задниот влез, студентите беа навредувани од страна на службено лице во цивилна облека, за кое присутните полициски службеници одбија да дадат информации од причини непознати за набљудувачот. Оваа практика на одбивање за легитимирање на службеници лица во униформа или цивилна облека е забележана и на претходни јавни собири. Со скратувањето на можноста на легитимирање на полициски службеници се скратува и правото на граѓаните да поднесат претставка до Комисијата за внатрешна контрола при МВР“, се додава во извештајот.

Би можело да ве интересира

Студентското собрание бара дополнителните трошоци да не бидат на товар на студентите

Српското Обвинителство бара притвот за насилниците кои истепаа студенти

Инцидент во Нови Сад: Насилници претепале студенти, една девојка е тешко повредена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Медиуми: Демонстрантите со жива музика се веселат во Автокоманда

СПЦ: Српските студенти мора да одлучат во кој универзум сакаат да живеат

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Снимка од студентската блокада во Белград