• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Харадинај: Мини-Шенгенот значи ширење на руското и кинеското влијание на Балканот

by А1он19/11/2019 - 18:24564
Share0

Премиерот во оставка на Косово Рамуш Харадинај вели дека неговата држава не смее да го прифати формирањето на таканаречниот мини-Шенген, за што се заложија премиерите на Северна Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама и претседателот на Србија Александар Вучиќ, затоа што тоа ќе значи „ширење на руското и кинеското влијание на Балканот“.

Добивај вести на вибер

Според Харадинај, создавањето на една таква зона во балканскиот регион е спротивно на интересите на Косово, но и на Европа.

– Мини-Шенгенот, во кој не повикуваат Вучиќ, Рама и Заев е само ширење на руското и кинеското влијание на Балканот. Тоа не е во интерс на Косово и Европа. Русија и Кина се инсталирани во Белград во сите аспекти. Кога ние ќе ги прифатиме тие правила, по автоматизам тоа влијание се шири и на нашите земји. А дали има интерес Косово тоа влијание да се прошири на Косово? Не! Тоа секако не е во наш интерес, изјави Харадинај по средбата со министерот за одрбана на Италија, Лоренцо Гуерини.

Гостинот од Италија, Гуерини, попладнево беше примен од вршителот на должноста косовски премиер, откако денеска во Приштина присуствуваше на примопредавањето на командата на мировните сили КФОР, при што италијанскиот генерал Лоренцо Д‘Адарио му го предаде раководењето на меѓународната мисија на својот сонародник, генерал-мајорот Микеле Риси.

balkanmal sengenmini sengen

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пробивање канал низ Србија и Македонија, наводен план на Кина

Катерина Ѓуровски07/12/2025 - 19:15

Конференција на НАТО: Балканот повторно би можел да стане „буре барут“

Горан Наумовски19/10/2025 - 18:55

Белгија размислува за испраќање затвореници на Балканот поради пренатрупаност на затворите

Горан Наумовски08/10/2025 - 08:11

Нов топлотен бран на Балканот, температурите одат и над 40 степени

А1он09/08/2025 - 17:25

Унгарија: Балканот повторно се претвора во буре барут

Горан Наумовски06/08/2025 - 20:51

Британија предупредува на амбициите на Путин на Западен Балкан: „Тоа е нова жешка точка“

Горан Наумовски14/04/2025 - 08:49
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен