Харадинај го поздрави потпишувањето на Протоколот за Македонија во НАТО

Од:

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај го поздрави денешното потпишување во Брисел на Протоколот за пристапување на Македонија кон НАТО од страна на 29 членки на Алијансата.

Харадинај на својата страница на „Фејсбук“ го оцени овој чин како „голем чекор за целиот регион“.

„Го поздравувам потпишувањето на Протоколот за приемот на Северна Македонија во НАТО од страна на 29 членки. Повеќе НАТО во регионот значи повеќе безбедност, мир и стабилност. Голем чекор за целиот наш регион, кој придонесува за траен мир“, напиша Харадинај.

Би можело да ве интересира

Ковачевски за средбата со Заев и Ахмети: Зборувавме за настапот на партиите на изборите и за членството во ЕУ

Александар Тодески

Ковачевски за писмото на Заев: Во демократија секој има право на став

Блиски луѓе на Заев ќе работат за фирма на белоруски конзул во Македонија: Кој ќе копа јаловина во РЕК Битола за 25 милиони евра

Орце Костов

Ципрас во Струмица на гости кај Заев

Заев: Очекуваме грчката страна да го исполни делот од Преспанскиот договор кој се однесува на патоказите

Харадинај: Курти треба да ја напушти Владата на Косово затоа што е опасност за земјата