Хаос или панаѓур? ВМРО-ДПМНЕ удри по масите

Од:

Хаос или панаѓур? Ова се реакциите на социјалните мрежи на глетката  и сликата од Собранието .

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, незадоволни бидејќи не се става нивниот предлог за ограничување на дискусиите за буџетот  на гласање, тропаат по масите и го оневозможуваа говорникот Оливер Спасовски.

„Ова е вистинското ВМРО. Ова е истата Силвана Бонева која е подготвена да оди во опозиција за да продолжи да тропа. Овој хаос, вие го правите. Вие сте најголемите манипулатори. Ние станавме симбол на отпорот против оваа ненародна власт. Ние сакаме да се пренасочат парите и да се дадат за живите“, рече Спасовски.

Претседавачот со седницата Горан Мисовски објасни дека нема да го крши деловникот и ваков предлог да стави на гласање на сред амандманска расправа.

Мисовски ги замоли пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да не удираат со тврди предмети по масите, бидејќи рече тие се на граѓаните  на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска