Хаос и распад на УБК и нервоза во МВР?

Од:

Расте нервозата во УБК и МВР, по информацијата дека неколку активни инспектори и дел пензионирани ќе бидат лустрирани до есен. Како што објави порталот OhridSky се работи за бројка од 1.200 лица, активни и поранешни соработници на УБК , соработници во контраразузнување и спречување на активности на српската, грчката , бугарската и албанската тајна служба во периодот од 1990 -2003 година.

Голем дел од професионалниот кадар во МВР и УБК индиректно се чуствувале загрозени со ваквата лустрација заради одмазда по нив и нивните фамилии, пишува порталот.

Ваков распад на УБК и соработничките мрежи, според нивни извори се толкува како опомена до сите соработници во иднина кои би давале информации за истраги на криминалното работење на оваа власт, велат изворите на OhridSky.

Како втора причина се наведува намерен распад или целосна партизираност на безбедносните служби.

Според порталот се очекува на почеток на септември , Аџиев да поднесе листа за лустрирање со стотици лица кои иако воопшто не биле функционери ,или пак добиле на било кој начин материјална корист.

ИВЗ и МПЦ веќе оствариле контакт со дел од луѓето вработени во УБК и пензионери да се спречи ваквата лустрација.

Би можело да ве интересира

Од 15 ноември задолжителна е зимска опрема, потсетува МВР

Лажни покани за истрага во име на директорот на БЈБ, МВР предупредува граѓаните да не отвараат

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски