Хан: Очекувам објаснување од Орбан за азилот на Груевски

Од:

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан утрово на Твитер објави дека доколку се потврди информацијата дека Унгарија одобрила азил за Никола Груевски, тој од Виктор Орбан очекува солидно објаснување за основата на азилот.

„Ги земам предвид информациите за одлуката на Унгарија да му одобри политички азил на Никола Груевски. Ако се потврди очекувам објаснување за основата на азилот од Виктор Орбан“, напиша еврокомесарот Јоханес Хан на својот Твитер налог откако вчера му беше одобрено барањето за азил на поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски.

„Владеењето на правото останува темелен принцип за земјите членки и земјите кандидати на ист начин. Клучно е за кредибилитетот на Европа. Изненадувачки е што Унгарија поддржува членство во ЕУ за Македонија, но, не ја смета за безбедна“, напиша Хан.

Би можело да ве интересира

Маѓар: Унгарија сака мир, затоа ѝ се потребни силни вооружени сили

Се преврте полски автобус во Унгарија: 12 мртви, возачот е уапсен

Катерина Ѓуровски

Падот на производството во нуклеарната централа Пакш го загрозува форинтот

Бака ја прифати номинацијата за претседател на Унгарија

Унгарски: Унгарија се соочува со пет најкритични денови

Можна енергетска криза во Унгарија поради падот на водостојот на Дунав и запирањето на работата на електраната „Пакш“

А1он